ВИДЕО | ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО КРЕМЉ !? Исчезнаа главните руски генерали – кружат разни гласини: “Погледнете го неговото последно обраќање, многу е чудно…“

Во екот на напорите на претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја врати својата моќ, најистакнатите руски генерали исчезнаа од очите на јавноста по неуспешниот бунт на групата Вагнер чија цел беше соборување на руското военое раководство, пишува медиумската агенција Reuters.

Според непотврдени извештаи, најмалку едно лице е уапсено, пишува Reuters.

Многу интересно е што началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Валериј Герасимов, не се појави во јавноста или на државната телевизија откако во саботата заврши бунтот на групата Вагнер.

Водачот на озогласената група, Евгениј Пригожин, првично побарал предавање на Валериј Герасимов. Треба да се напомене дека од 9. јуни, Валериј Герасимов, не се споменува во соопштенијата на Министерството за одбрана на Русија.

слика
Валериј Герасимов

Валериј Герасимов (67 г.) е главен командант на руските сили во Украина и носител на една од трите руски „нуклеарни актовки“.

Не се појавува ниту генералот Сергеј Суровикин, кој руските медиуми го нарекоа „Генерал Армагедон“ поради неговата агресивна тактика во Сирија. Тој е заменик командант на руските сили во Украина.

New York Times во вторникот, врз основа на брифингот на американските разузнавачки служби и нивните информации информации, објави дека Сергеј Суровикин знаел дека бунтот на Вагнер ќе се случи, па властите проверуваат дали тој е соучесник во истиот или на некој начин го помогнал.

Кремљ го минимизираше извештајот во средата, велејќи дека ќе има многу шпекулации и озборувања поради моменталната ситуација во Русија.

Американски официјални лица во средата за Reuters изјавија дека Сергеј Суровикин го поддржува Евгениј Пригожин, но дека западните разузнавачки служби не знаат со сигурност дали тој на некој начин го помагал бунтот.

Moscow Times на руски јазик и еден воен блогер го објавија апсењето на Сергеј Суровикин, додека некои други воени новинари со голем број следбеници во Русија објавија дека тој и другите високи офицери биле испрашувани од службата за безбедност ФСБ за да ја тестираат нивната лојалност кон режимот.

Медиумската агенција Reuters не може самостојно да утврди дали Сергеј Суровикин е уапсен или дали тој, заедно со другите, се проверува за веродостојноста како дел од постандардна процедура.

Влијателниот профил на социјалната мрежа Телеграм, Rybar, управуван од поранешен офицер на Министерството за одбрана на Русија, објави дека чистката е во тек.

Профилот Rybar објави дека властите се обидуваат да го елиминираат воениот персонал за кој се смета дека покажал „неодлучност“ во задушувањето на бунтот бидејќи делови од вооружените сили, наводно, направиле малку за да ги запрат борците на Вагнер во раните фази на бунтот.

Вооружениот бунт на приватната воена група Вагнер стана изговор за масовна чистка во редовите на руските вооружени сили“, се вели во објавата на профилот Rybar.

Кремљ. Москва, Русија

Таквиот потег, доколку биде потврден, може да го промени начинот на кој Русија ја води војната во Украина и да предизвика немири во руските редови додека Украина подготвува и започна контраофанзива на бојното поле.

Може да бидат унапредени и други високи офицери и членови на безбедносниот апарат за кои се верува дека се лојални кон Владимир Путин.

Некои руски и западни воени и политички аналитичари веруваат дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, кого Евгениј Пригожин сакаше да го собори заедно со Валериј Герасимов поради неговата наводна неспособност, сега може да биде посигурен во својата работа.

Мислам дека Евгениј Пригожин всушност очекуваше дека ќе се направи нешто за Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов, дека Владимир Путин ќе пресуди во негова корист“, напиша во објава на социјалната мрежа Твитер, Мајкл Кофман, воен експерт за Русија.

Наместо тоа, неговиот бунт можеби му обезбеди континуиран мандат на Сергеј Шојгу, и покрај тоа што беше универзално признаен како неспособен и широко омразен во вооружените сили на Руската Федерација“, додава тој.

Генералот Виктор Золотов, прв човек на Националната гарда и некогаш телохранител на Владимир Путин, се чини дека е уште еден победник. Тој јавно кажа дека неговите луѓе се подготвени да загинат за да ја одбранат Москва од Вагнер.

слика
Виктор Золотов

Виктор Золотов зборуваше за можноста за набавка на тешко оружје и тенкови за своите сили по бунтот.

Валериј Герасимов беше отсутен во вторникот кога Владимир Путин ѝ се заблагодари на војската што спречи граѓанска војна, за разлика од Сергеј Шојгу, кој оттогаш има неколку јавни настапи.

Сергеј Суровикин, заменикот на Валериј Герасимов, последен пат беше виден во саботата кога се појави на видео во кое го повикува Евгениј Пригожин да го прекине бунтот.

Многумина коментираат дека тој изгледал исцрпено и не е јасно дали тој зборува под принуда.

Дара Масикот, експерт за руската војска, вели дека видеото на Сергеј Суровикин како држи автоматско оружје во скутот е чудно.

Пред неколку дена забележав дека нешто не е во ред. Не му се гледаат ознаките и чиновите, повеќе од 30 години во војска и ги нема ?“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Твитер.

Во средата вечерта, од руските медиуми и блогери се појавија непотврдени извештаи дека Сергеј Суровикин бил задржан во московскиот притвор Лефортово по неговото апсење.

Алексеј Венедиктов, добро поврзан новинар, вели, без да ги именува своите извори, дека Сергеј Суровикин не бил во контакт со неговото семејство од саботата и дека неговите телохранители исто така молчеле.

Евгениј Пригожин, кој со месеци ги критикуваше Влаериј Герасимов и Сергеј Шојгу за нивната наводна неспособност во војната против Украина, често го фалеше Сергеј Суровикин, кој е многу почитуван во војската поради неговото искуство во Чеченија и Сирија.

Сергеј Суровикин, кој беше врховен командант на војната во Украина пред Валериј Герасимов, се смета за ефективен генерал од западните воени аналитичари и понекогаш беше споменуван од руските воени известувачи како потенцијален иден министер за одбрана.

Лоренс Фридман, почесен професор по воени студии во Лондон, вели дека смената на Сергеј Суровикин, доколку е вистина, може да ги дестабилизира руските воени напори повеќе отколку бунтот во саботата, „особено ако другите соработници на Пригожин/Суровикин почнат да се чистат“.

Сергеј Суровикин е еден од поспособните руски команданти“, напиша Лоренс Фридман во објава на социјалната мрежа Твитер.