Борел: Ако ситуацијата во Косово не се смири, тоа ќе има своја цена

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, |Жозеп Борел, денеска изјави дека една од темите на самитот на Европскиот совет ќе биде Косово, како и дека двете страни ќе ги сносат последиците доколку не се смири ситуацијата на Косово.

„Работиме на тоа да избегнеме тензии и да ја вратиме ситуацијата во нормала. Земјите членки одлучија на последниот состанок на Европскиот совет да преземат мерки, економски и политички, за да им ставиме до знаење на партиите дека доколку не придонесат за мир, тоа има своја цена“, изјави Борел пред почетокот на самитот на Европскиот совет.

Тој исто така рече дека главни теми на самитот ќе бидат ситуацијата во Украина и Русија, Кина, односите со Јужна Америка и шверцот на луѓе.