ВИДЕО| Ѓоковиќ по 5 години одигра меч во Индијан Велс! Се намачи и го победи Вукиќ во пустина

По пет години, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра меч на Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс.

Точно толку траеше неговиот егзодус од калифорниската пустина.

Во мечот од 2.коло Ѓоковиќ го совлада Австралиецот Александар Вукиќ со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:3.

Натпреварот траеше два часа и десет минути.

Српскиот ас во следното коло ќе игра против Италијанецот Лука Нарди. Нарди до ремито стигна како „лесен губитник“, а во второто коло го совлада Кинезот Жанг со 6:3, 3:6, 6:3.

Ова беше јубилејна 400-та победа на Мастерс турнирите. Пред него е само Рафаел Надал со 406 победи.

Новак го одигра брилијантно првиот сет и го доби по 34 минути.

Во вториот сет Вукиќ доминираше на стартот поведувајќи со 3:0, но Новак успеа да се врати. Сепак, првиот сервис запре, што Австралиецот го искористи и го освои вториот сет.

Во третиот, Новак зададе клучен удар во петтиот гем. Тој му го одзеде сервисот на ривалот и не му дозволи да се врати во мечот.