ВИДЕО | Ја прогласија за најсекси жена на светот, а сега таа ги остави во шок обожавателите: “Што е ова сега !?“
Плус-сајз моделот, Ешли Греам, ги шокираше своите обожаватели со најновото видео кое го објави на социјалните мрежи.
Убавицата која магазинот Maxim ја прогласи за најсекси жена на светот во 2023 година, беше фотографирана во долна облека, а многумина забележаа дека изгледа многу послабо од порано. Позната по своите облини и по гордо покажување на стриите и целулитот, Ешли Греам сега ги изненади своите верни следбеници со нов изглед кој можете да го погледнете ОВДЕ.
„Значи, сега секоја славна личност губи килограми. Толку од различноста“, „Друг корисник на лекот за слабеење – Ozempic“, „Што е со позитивниот став за големината на телото ? Модел со облини плус-сајз? Не мразам, само ја следев затоа што чувствував како да претставуваше жени како мене. Ја почитувам, паметна е и убава“, гласат дел од коментарите на објавата.