(ВИДЕО) ЈА РЕНОВИРАЛЕ куќата а потоа откриле нешто НЕВЕРОЈАТНО под кујната

Ема Харисон (28) и Рис Стајнер (27) од Ворчестершир, Велика Британија ја купиле својата куќа од соништата и решиле да ја реновираат. Немаше да биде ништо необично доколку не пронајдоа бунар стар 126 години под подот во кујната.

Куќата е изградена во 1897 година, па се проценува дека бунарот бил изграден во исто време, кога бил и главен извор на вода.

Младиот брачен пар реши да го сподели ова неверојатно откритие со своите следбеници на нивниот профил на TikTok.

Ема рече дека бунарот е „кул откритие, но и многу морничав“. Внатре во него пронашле голем број други работи, како потковица. Ема и Рис сакаат да го украсат необичното откритие, односно да го покријат со стакло:

– Се надеваме дека ќе успееме да ставиме светла до крајот на бунарот за да се гледа дното и стаклениот врв преку кој ќе може да се премине. Тоа ќе биде одлична карактеристика во новата кујна – објасни Ема.

Таа додаде дека имаат намера тоа да го направат сами, но очекуваат проектот да трае неколку години.