(Видео) Јувентус доживеа потоп против Сасуоло со автогол кој не се памети

Фудбалерите на Сасуоло го совладаа Јувентус со резултат 4:2 во натпреварот од 5. коло на италијанската Серија А, а натпреварот го одбележаа кардинални грешки на одбраната на гостите.

Домашните поведоа во 12. минута кога шутираше Лауринете, а Шчесни реагираше катастрофално и топката заврши во мрежата.

Сепак, Јуве израмни во 21. минута со автоголот на Вина, но Берарди ја врати предноста на Сасуоло на 2:1 по првото полувреме со одличниот гол во 41. минута.

Јувентус беше немоќен во продолжението, но преку Киеза со многу среќа успеа да израмни во 78. минута. И кога се очекуваше уште посилен притисок од Бјанконерите, финишот донесе уште два гола на Сасуоло.

Најпрво во 82. минута Пинамонти го искористи новиот подарок од одбраната и голманот Шчесни, а во 95. минута Гати си постигна неверојатен автогол каков што навистина ретко се гледа за конечни 4:2.

Резултат и стрелци:

Сасуоло – Јувентус 4:2 (Лауринте 12′, Берарди 41′, Пинамонти 82′, Гати 90+5′ аг / Вина аг 21′, Киеза 78′)