ВИДЕО | “ЌЕ ПРЕСТАНЕМЕ САМО КОГА ЌЕ КРЕНАТ БЕЛО ЗНАМЕНЦЕ!“ – Се огласи претседателот на Азербејџан за ситуацијата во Нагорно-Карабах: “Постојано ги предупредувавме ерменските сили…“

Администрацијата на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, објави дека е подготвена да се сретне со претставници на ерменската заедница од регионот Нагорно-Карабах во градот Јевлах под одредени услови.

За да се запрат антитерористичките мерки, илегалните ерменски вооружени групи мора да го подигнат белото знаме, да го предадат целото свое оружје, а илегалниот режим мора сам да се распадне. Во спротивно, антитерористичките мерки ќе продолжат до крај“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Азербејџан.

Во врска со поканата на Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах, на преговори, официјален Баку соопшти дека администрацијата претходно ги поканила претставниците на ерменското население што живее во регионот Нагорно-Карабах во Ерменија на дијалог за да разговараат за прашањата за реинтеграција.

Но, секој пат го одбиваа“ тврдат од официјален Баку.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави нова снимка на која наводно се гледа пукање на радарска станица на ерменските вооружени сили во регионот Хојавенд, каде привремено е распореден рускиот мировен контингент.

Министерството за одбрана на Азербејџан го објави видеото и соопшти дека Армијата прецизно уништува борбени позиции и воени објекти во областите Хоџали и Гирмизи Базар.

Се известува и дека е уништено складиште за ерменска муниција во правец на Агдара.

Ерменските власти тврдат дека немаат воени единици во регионот Нагорно-Карабах.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, изјави дека азербејџанските сили се обидуваат да ги освојат најнаселените центри на Нагорно-КарабахНикол Пашинјан изјави дека е во контакт со локалните власти во Нагорно-Карабах и дека очекува руските мировници да дејствуваат за стабилизирање на ситуацијата.

Русија ги повика двете страни да го запрат крвопролевањето во Нагорно-Карабах.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Русија е загрижена поради ескалацијата и дека руските мировници ќе ја продолжат својата мисија во регионот. Таа посочи дека Баку ја информирал руската мисија неколку минути пред почетокот на операцијата.