Дембеле се пресели во ПСЖ, Барселона на неговиот трансфер загуби дури 85 милиони евра

Францускиот шампион ПСЖ соопшти дека го комплетирал трансферот на Усман Дембеле од Барклеона.

Дваесет и шестгодишниот Дембеле пред шест години пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд за вртоглави 135 милиони евра, но поради честите повреди не покажа дека вреди тие пари.

Сега Каталонците го продадоа на ПСЖ за само 50 милиони евра, што значи дека само за неговите трансфери им недостасуваат дури 85 милиони евра.

Дембеле, кој за Барса настапи на 185 натпревари, постигна 40 гола и 43 асистираше, потпиша петгодишен договор со ПСЖ.

Француското крило ќе го носи бројот 23 во парискиот клуб.