МАКЕДОНЕЦ СЛУЧАЈНО РАНЕТ ВО БЕЛГРАД !? МВР на Србија ги објави деталите – вториот ранет во престрелката било лице познато на органите со повеќе кривични дела

Македонски државјанин Д.Л. (21 г.), претходниот ден во 19:40 часот бил ранет во грбот на аголот од улиците „Цар Николај Втори“ и „Максим Горки“ во Белград, а најверојатно е случајна жртва на пукање, пишуваат соседните медиуми.

Во престрелката најпрвин е ранет А.П. (26 г.), а со два куршуми е ранет и Македонецот Д.Л. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет или и тој бил мета на престрелката.

Белград, Србија

Ранетиот Д.Л., неговиот другар го донел на соседната улица „Новопазарска“. Таму го скрил и повикал полиција и итна помош. Тој со својот ранет другар се движеле од „Његошева“ кон улицата „Максима Горки“, кога се случило пукањето, а тој успеал некако да го донесе ранетиот другар пред една позната обложувалница и му помагал додека да пристигне итната помош“, раскажал еден очевидец на настанот за соседните медиуми.

Итната помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми. Повредениот А.П. потекнува од криминална средина, а во досието има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. За него е распишана потерница за издржување затворска казна.

Инаку, А.П. бил ранет и пред шест години. „Тој беше ранет и по расправија за фудбал. Исто така во Врачар А.П. гледал натпревар на рекреативци и вербално се судрил со еден од играчите. Страстите се смириле, а играта продолжила, а истиот играч потоа се вратил на теренот и испука неколку куршуми во него, а потоа за влакно го избегна најлошото сценарио“, кажале извори запознаени со случајот за соседните медиуми.