ФОТО | Човек повеќе од 40 години чувал Лада Нива во фабричка состојба! Сега ја продава за вртоглава сума – погледнете

Добро препознатливото возило на овие простори – Lada Niva (Лада Нива) се продаваше со децении во речиси непроменета форма (од 1977 година до денес), а произведени се 2,5 милиони примероци, но колку и ова возило да е „старо-модно“, го доби епитетот на култен, вистински теренец. 

Lada Niva често се споредува и со возилата на JeepLand Rover Defender или возилата на Mercedes-BenzG-Class.

Денес, преку локален руски интернет огласи, auto.ru, се продава неверојатен примерок, кој не е типичен „наод во гаража“, а поради неговото зачувување може да се зборува и за музејска поставка.

Lada Niva – 1980 година

Оригинално произведено во 1980 година во екот на Студената војна, овој светло-црвен теренец се чувал во совршена состојба 43 години, а за тоа време поминал само 220 километри. Го продава лице од рускиот град Тољати, во близина на Самара, каде што се наоѓа и фабриката на Lada.

Како што може да се види од фотографиите, се забележува дека седиштата сè уште се покриени со фабричка пластична фолија и доаѓаат со сите печати за оригиналност од 1980 година, сметка, документација за набавка и оригинални алатки. Има и значка што автомобилот ја добил за учество на прославата на 50-годишнината од фабриката Lada пред три години.

Lada Niva – 1980 година

Речиси во секој поглед е сосема нов автомобил, но со една разлика во однос на Lada Niva од 1980 година, или целосно новите, а тоа е цената.

Имено, продавачот за ова теренско возило од фотографиите бара дури 23.000.000 рубљи односно 265.000 евра! За тие пари во Северна Македонија можете да купите сосема ново брутално брзо Porsche 911 GT3 или два нови Mercedes S-Class 350 d.

Со оглед на тоа што Lada Niva се уште се продава во Русија по цена од 9.400 евра, некој би можел да купи точно 28 нови примероци за таа сума. Ако се најде купувач, тој сигурно ќе биде вистински љубовник на ова теренско возило.