Што се случува во Германија !? Погледнете ги цените на сирењето, путерот, па дури и на струјата и бензинот: “Дали е ова крајот ?“

По месеци константното пакување на ирски путер од 400 грама чинеше 4,99 евра, но веќе неколку недели неговата цена е намалена на 4,29, додека поевтиниот германски путер на некои места сега чини само 1,59 евра за 250 грама. Слична е ситуацијата и со сирењето и тестенините, пишува Deutsche Welle (DW).

Пад на цените се забележува и кај енергенсите, иако нивото на цената на струјата и бензинот останува високо. Како што објави весникот Süddeutsche Zeitung, повикувајќи се на податоци од порталот VerivoX, дури 91 давател на електрична енергија и 80 од оние кои продаваат гас на крајните потрошувачи ги намалиле своите тарифи. Во мај, јуни и јули струјата во просек ќе поевтини за 14 отсто, а гасот за околу 23 отсто.

Веројатно го достигнавме врвот на инфлацијата“, вели Керстин Бернот од Германскиот институт за економски истражувања (DIW). Сепак, таа не очекува сега цените да почнат да паѓаат насекаде: „Мораме да се навикнеме на сегашните цени“, вели таа, но со оценка дека – „цените веројатно повторно ќе паднат на долг рок“.

Каи Худец, генерален директор на Институтот за трговски истражувања во Келн (IHF), сепак не е толку оптимист. Тој ги наведува причините за тезата дека приказната со поскапувањата се уште не е завршена:

Нагло зголемените трошоци за енергија, логистика и суровини предизвикаа верижна реакција“, изјавил тој за DW и додал:. „Сите компании долж синџирот на снабдување имаа и сè уште мора да се борат со зголемените трошоци. Во исто време, многу дополнителни трошоци веќе се префрлени на потрошувачите, поради што стапките на инфлација во моментов се пониски и можно е намалување на цените, барем селективно“.

Ова е причината зошто, заклучува Каи Худец, сè уште не може да се прогласи „крај на инфлацијата“, бидејќи – „цените на неколку категории на производи продолжуваат да растат наместо да паѓаат. Некои производители најавија зголемување на цените, кои трговците на мало последователно ќе треба да ги префрлат на нивните цени, со оглед на тоа дека имаат ниски маржи. А потоа има договори за релативно високи плати кои влијаат и на цените“.

Една од причините за ниското ниво на цените на храната во Германија во споредба со другите земји во светот е пазарната моќ на синџирите на дисконти, поточно четирите најголеми компании: Rewe, Edeka, Aldi и Lidl. Тие ја делат најголемата пазарна „пита“, а меѓусебно се во жестока конкуренција. Тие ја користат својата квазимонополска моќ за да ги принудат добавувачите да понудат пониски цени.

Во текот на минатата година, дисконтерите дури го зголемија својот удел на пазарот, вели директорот на германски LidlКристијан Хартнагел. Имено, зголемувањето на цените принуди повеќе клиенти да се свртат кон поевтини даватели на попуст, а со тоа и нивната продажба се зголеми.

Сепак, враќањето на вообичаеното, прилично ниско ниво на цените на храната во Германија ќе трае долго. Пазарната моќ на големите четири синџири со попусти ќе продолжи да ги намалува набавните цени што е можно повеќе (на жалост на производителите), но дури и Lidl, Alid и другите сè уште нема да можат да избегнат зголемување на сопствените трошоци за персоналот, енергијата и дистрибуција, пишува Deutsche Welle.