ФОТО | Володимир Зеленски пристигна во посета на Канада: Џастин Трудо на аеродромот со букет ги пречека претседателот на Украина и неговата сопруга

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во својата прва посета на Канада од почетокот на војната, а премиерот на Канада, Џастин Трудо, го пречека на аеродромот во Отава, јавува BBC, повикувајќи се на тамошните медиуми.

Претседателот на Украина доаѓа во Канада за да се сретне со премиерот Џастин Трудо и да се обрати пред канадскиот парламент во Отава, соопшти кабинетот на канадскиот премиер, пренесува медиумската агенција Reuters.

Владимир Зеленски
Џастин Трудо со Олена и Володимир Зеленски

Володимир Зеленски ќе го посети и Торонто за да се сретне со канадските бизнис лидери и да разговара за инвестициите на приватниот сектор во иднината на Украина.

Канада останува непоколеблива во својата поддршка за народот на Украина додека тие се борат за нивниот суверенитет и нивната демократија, како и нашите заеднички вредности за почитување на владеењето на правото, слободата и самоопределувањето“, посочи Џастин Трудо во изјавата за медиумите.

Владимир Зеленски
Џастин Трудо со Олена и Володимир Зеленски

Володимир Зеленски во четвртокот беше во Вашингтон, каде што се состана со претседателот на САД, Џо Бајден, и други американски официјални претставници, еден ден откако тој лично се обрати пред Советот за безбедност на ОН, за прв пат по рускиот напад врз Украина.

Во јуни, Џастин Трудо отпатува ненајавено патување во Киев, каде им оддаде почит на украинските војници кои загинаа борејќи се против проруските сили од 2014 година, се состана со Володимир Зеленски и се обрати пред украинскиот парламент.

Членката на НАТО, Канада, која ја има една од најголемите украински дијаспори во светот, му обезбедува воена и финансиска помош на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Канада, исто така, им се придружи на другите западни сојузници во воведувањето санкции кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина.