ВИДЕО | АМЕРИКАНСКИТЕ ‘ЅВЕРОВИ’ НАСКОРО ПРИСТИГНУВААТ ВО УКРАИНА – Oткриени детали од Пентагон: Ова е најновото засилување, а се зборува и за авионите F-16 !?

Американските тенкови Abrams пристигнуваат во Украина во наредните денови и недели, соопшти портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Од оперативни безбедносни причини, не сум слободен да навлегувам во деталите за тоа кога точно ќе пристигнат овие тенкови таму. Можам само да кажам дека очекуваме тие да пристигнат во Украина во наредните денови и недели“, откри тој за време на брифингот со новинарите.

Патрик Рајдер додаде дека испораките се одвиваат по распоред.

Соединетите Американски Држави ветија дека ќе пренесат во Украина баталјонски сет тенкови Abrams – 31 единица.

Пентагон, исто така, соопшти дека украинските пилоти наскоро ќе пристигнат во САД на обука за борберните авиони F-16, која ќе започне веднаш штом ќе ги завршат курсевите за англиски јазик.

М1 Abrams е третата генерација американски главен борбен тенк. Тој е еден од најтешките тенкови во употреба со тежина од речиси 68 тони.

Користи турбински мотор, композитен оклоп – Chobham, компјутеризиран систем за контрола на огнот и посебно складирање на муниција, вклучително и осиромашен ураниум.

Поновите варијанти на Abrams користат муниција од 120 mm, означен како M256.

Извозната верзија ја користат армиите на Египет, Кувајт, Саудиска Арабија, Австралија, Полска и Ирак.