ВИДЕО | Џенифер Лопез привлече внимание со впечатливи очила за сонце

Џенифер Лопез беше една од гостинките на ревијата на брендот Schiaparelli во Париз, а во таа прилика покажа нова фризура и привлече внимание со прилично чудни очила за сонце.

Џенифер Лопез ја предводеше листата на чудно (дури и бизарно) облечени ѕвезди кои пристигнаа на ревијата на Скиапарели за пролетно лето 2024 година во Париз на модната недела овој понеделник.

Лопез на модната ревија пристигна во белa плетена блуза и црни хеланки, над кои носеше обемно бело палто со важничене и големи ревери и ракави во форма на ѕвонче.

Сепак, она што ги натера сите да коментираат за нејзиниот изглед е прилично необичен моден додаток – златни очила за сонце на кои и беа исцртани веѓите.