ВИДЕО | 14 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПОЛУДЕА ПО ОВОЈ РЕЦЕПТ – Потребни се само овие три состојки, а вкусот ќе ве однесе на “седмо небо“!

Вкусните десерти понекогаш не бараат многу време, труд и состојки, а овој што го најдовме на социјалната мрежа Тик Ток е токму таков десерт. Станува збор за вирусна закуска направена од само три состојки, а главната состојка се свежите јагоди.

Иако сезоната на јагоди според многумина започнува кон крајот на април, првите јагоди во годината веќе пристигнаа, па дали сакате да го пробате овој рецепт сега или сепак ќе го подготвите на пролет, е ваш избор.

За овој десерт ќе ви требаат јагоди, путер од кикирики и стопено чоколадо. Јагодите прво измијте ги и исечкајте ги на малку подебели коцки, па наредете ги една до друга на хартијата за печење што ќе ја ставите на плехот, како што е прикажано на видеото подолу.

@faithsfresh

if its gor strawberries peanut butter and chocolate you know its gonna be goooood #easyrecipes

♬ Surround Sound – JID

Потоа врз јагодите намачкајте го путерот од кикирики, па стопете го чоколадото за готвење и откако малку ќе се излади прелијте го со путерот. Додадете малку сол во чоколадото за подобро да го извади вкусот, а потоа ставете го десертот во замрзнувач неколку часа.

Откако ќе го замрзнете десертот од јагоди, извадете го од замрзнувачот, ставете го на даска за сечење и исечете го на коцки или како што сакате, а потоа уживајте во овој брз и лесен оброк. Секако, јагодите можете да ги замените со банани.

Овој десерт стана толку популарен што видеото за помалку од еден месец доби речиси два милиони допаѓања (лајкови) и повеќе од 14 милиони прегледи. Слободно може да се каже дека Тик Ток полуде по овој едноставен рецепт, а сега можете да го направите и вие.