ВИДЕО (18+) | ОВА Е ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ХАМАС – Човек се преправал дека е мртов, ја кренал главата, а тоа било фатална грешка: Терористите убиваат се што мрда – (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)
Најмалку 260 мртви тела се пронајдени среде пустина, на местото на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Кибуц Реим во јужен Израел, по нападот на Хамас во саботата.
На местото на злосторството без преседан, израелските безбедносни служби пронајдоа видео-снимки од разбиени автомобили кои го покажуваат обемот на ужасите што се случија во близина на границата откако милитантите го пробија ѕидот што го дели Појасот Газа од Израел.
Терористите упаднаа на фестивалот и еден по еден ги убиваа учесниците кои во паника се криеја во грмушките во пустината, а судејќи по видеата објавени на социјалните мрежи, некои се преправаат дека се мртви за да преживеат.
Така, на една снимка од надзорна камера на еден од паркираните автомобили, во 09:23 часот – сабот, се гледаат тројца вооружени напаѓачи кои учествувале во масакрот.
Воведната снимка покажува неподвижно тело како лежи свиткано покрај автомобил.
Потоа, милитант вооружен со автоматско оружје го забележува човекот и му наредува да легне на земја, пред да го фати за задната страна од кошулата и да го одведе подалеку од дофатот на камерата. Не е познато дали човекот преживеал.
Потоа телото што лежеше до автомобилот се помести случајно. Човекот имал намера да ја крене главата и да провери дали „теренот е чист“. Но, тоа било фатална грешка за него.
Неколку секунди подоцна, друг милитант се втурнува во кадарот и ладнокрвно го пука во главата од непосредна близина, а потоа заминува.
Видео-снимката која е многу вознемирувачка можете да ја погледнете ОВДЕ.
Во подоцнежниот дел од истото видео се појавува група мажи. Само еден е вооружен – се чини дека се таму да ограбат. Тие проверуваат по џебовите на починатиот покрај автомобилот како и по куферот во друго паркирано возило. Но, тогаш тие наоѓаат повеќе од само багаж. Откриваат две лица, маж и жена, кои се криеле во автомобил и ги носат.
Жената која ненадејно била киднапирана се појавува две минути подоцна. Скокајќи и мавтајќи со рацете, се чини дека мисли дека пристигнала помош – во тоа време израелските одбранбени сили започнаа напори да го одбијат упадот на милитантите. Но неколку секунди подоцна таа паѓа на подот додека куршумите се летаат околу неа. Не се знае дали преживеала.