ВИДЕО (18 +) | По разводот, контраверзната Бритни Спирс продолжува да шокира – поп-ѕвездата објави интимна снимка од креветот која ги остави без здив нејзините обожаватели: “Ги поканив момчињата, игравме цела ноќ!“
Додека нејзиниот сопруг Сем Ашгари истакна дека доаѓа разделба и дека наскоро ќе се исели од нивниот дом, поп-ѕвездата Бритни Спирс со своите најнови видеа докажа дека не троши време на насловите по медиумите и неговите зборови и продолжува со нејзиниот провокативен начин на живот.
Познатата Бритни Спирс сподели интересна сника од креветот само неколку дена откако нејзиниот отуѓен сопруг поднесе барање за развод.
Погледнете го првото контраверзно видео од Бритни Спирс ОВДЕ.
Во видеото што го објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм во неделата, поп-ѕвездата не носеше ништо друго освен розови гаќички и црни чизми до колена додека лежеше и стратешки ги покрива градите со рацете. Во еден момент, познатата пејачка ја подигна ногата во воздух додека песната „I Put a Spell on You“ од Ени Ленокс свиреше во позадина. Таа подоцна сподели второ видео од ноќно излегување со група мажи, од кои едниот и ја лижеше ногата додека таа носеше зелен мини фустан и бели чизми до колена.
Погледнете го второто контраверзно видео од Бритни Спирс ОВДЕ.
Во својата објава, таа го спомна и нејзиното неодамнешно патување во Дејвс Хот Чикен во Окснард, Калифорнија, каде во петокот беше фотографирана од папарацо-новинарите.
„Кога одите да се сретнете со т.н пријателка и возиш еден час за пилешко, но папараците некако добиваат бакшиш и ме сликаат во автомобил кој досега не бил користен“, напишала таа во описот.
„Па што прави кучка како мене ?! Го облеков зелениот фустан и одам кај моите пријатели. Ги поканив моите омилени момци и игравме цела ноќ“, напишала 41-годишната Бритни Спирс.
Секси видеото на поп ѕвездата се појави еден ден откако таа го прекина молкот за разделбата со нејзиниот сопруг.
„Како што веќе сите знаат, Сем и јас повеќе не сме заедно… Шест години се долг временски период и малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто. Тоа не е ваша работа“, напиша таа во саботата на Инстаграм со видео. Бритни Спирс додаде дека „не може повеќе да ја трпи болката“, но ги увери обожавателите дека е „проклето добро“.