ВИДЕO | ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ГЕРМАНИЈА – Поранешниот прв човек на германската тајна служба вмешан во заговорот за убиство на Олаф Шолц: “Имал блиски врски со Граѓаните на Рајхот!“ 

Ханс-Георг Масен, поранешниот прв човек на германската домашна разузнавачка служба БФВ, е под истрага од негови поранешни колеги за наводна вмешаност во екстремно десничарски заговор за убиство на канцеларот Олаф Шолц, објави весникот Bild.

Весникот наведува дека БФВ побарала од германската федерална полиција информации за Ханс-Георг Масен во рамките на истрагата за случајот на ултрадесничарската организација „Граѓаните на Рајхот“.

Ханс-Георг Масен
Ханс-Георг Масен

Се истражува дали поранешниот прв човек на разузнавањето бил во контакт со еден од сведоците во случајот што предизвика бурни реакции минатата година кога група екстремно десничарски екстремисти беа уапсени по серијата рации низ Германија.

Уапсените складирале оружје и целта им била да упаднат во Бундестагот, зградата на парламентот и да го убијат канцеларот Олаф Шолц.

Групата е предводена од Хајнрих XIII, принцот од Ројс, кој требало да го преземе раководството на Германија во случај пучот да успее.

Граѓаните на Рајхот“ се екстремно десничарска група која верува дека Германија го изгубила својот суверенитет по Втората светска војна и не ја признава актуелната Влада во Берлин.