,,Вие сте поткупени” – Дончиќ викаше по судиите! Прочитајте колкава казна треба да плати играчот за непромислениот гест (ВИДЕО)
Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради непристојно и непрофесионално однесување на натпреварот помеѓу неговиот тим и Голден Стејт Вориорс.
На една секунда до крајот, Словенецот промаши шут за израмнување во дуелот со Дрејмонд Грин под обрачот.
Мислејќи дека требаше да добие прекршок, Дончиќ ги триеше палецот и показалецот, алудирајќи на пари за да им укаже на судиите дека се поткупени.
Ваквиот чин во НБА се смета за навредлив и Дончиќ е казнет.
На Маверикс не им оди најдобро по доаѓањето на Кајри Ирвинг. Тие сè уште ја бараат идеалната игра и се борат за последното место во плејофот, а ноќта меѓу петокот и саботата беа поразени на својот тeрен од Шарлот.
Тоа беше трет последователен пораз за Мавс и сега се 11-ти на Западот со скор 36-38.