Виктор беше првата жртва на пожарот во Лос Анџелес: Пожарникарите го пронајдоа со црево во рацете како се обидувал да се спаси (фото)

Една од петте жртви на катастрофалните пожари што го зафатија Лос Анџелес е идентификувана како Викор Шо (66), потврди неговото семејство.

Телото на Виктор беше пронајдено до нивната семејна куќа, а тој сè уште го држеше цревото од градината со кое се обидуваше да го изгаси пожарот.

Според неговите блиски, Викор загинал обидувајќи се да ја одбрани куќата која била во неговото семејство речиси 55 години, објави порталот КTLA.

Од средата навечер, телото на Виктор сè уште беше на семејниот имот во блокот 3000 на авенијата Монтерос бидејќи условите сè уште не беа доволно безбедни за погребалното претпријатие да го земе телото.

Виктор живеел во тој дом со неговата помлада сестра Шари, која рече дека се обидела да го убеди да се евакуира со неа во вторникот вечерта додека пожарот се приближил. Семејството и пријателите велат дека Виктор имал здравствени проблеми што му го отежнале движењето.

„Кога излегов, Виктор ми рече дека сака да остане и да се обиде да се бори со огнот. Кога се вратив внатре и го повикав неговото име, тој не ми одговори, а морав да излезам бидејќи искрите беа огромни и летаa како огнен ураган, морав да се спасам кога се свртев, видов дека куќата почна да гори и морав да заминам“, рече таа.

Семејниот пријател Ал Танер рече дека следното утро го нашле јагленосаното тело на Виктор на страната на патот со црево во раката.

„Изгледа дека се обидувал да го спаси домот на неговите родители, кој бил на семејството речиси 55 години“, рече Танер.

„Паднав на земја, не знаев што да правам. Не сакав да го погледнам. Само ми рекоа дека лежи на земја и дека изгледа мирно, како да е мирен”, додаде неговата сестра.

Од четврток наутро, причината за пожарот во Итон од 10.600 хектари остана непозната и истрагата е во тек. Тоа е еден од четирите големи активни пожари во Лос Анџелес. Најголемиот, пожарот Палисадес, зафатил 17.234 хектари и уништил околу 1.000 објекти.