Виктор Орбан: “Војната во Украина може да се реши само по дипломатски пат!“

Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, туку само со дипломатија и разговори, а првиот чекор би бил итен прекин на огнот“, тврди денес премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Тој за државното радио изјави дека Унгарија мора да биде упорна во повикувањето на мир, нагласувајќи дека војната е многу скапа, дека Украина останала без пари и едвај преживува, пренесува медиумската агенција MTI.

Според Виктор Орбан, украинската Армија е оперативна исклучиво благодарение на западните пари.

Има две прашања: едното се однесува на одлуката на претседателот на САД колку долго ќе трошат милијарди овде во Источна Европа, а второто е колку Европа може да издржи“, вели Виктор Орбан.

Тој додаде дека ЕУ може да генерира пари доколку земјите-членки ги вложат своите пари во заеднички фонд, но дека останува прашањето, како што наведе – „колку можеме да издржиме кога европската економија е во неволја и не гледаме крај на војната“.