ВИКТОР ОРБАН ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Премиерот на Унгарија на бираше зборови: “Украина е светлосни години далеку од ЕУ!“
Украина е исклучително далеку од влез во Европската унија, порача премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на конгресот на неговата партија Фидес, а пренесува медиумската агенција AP News.
„Наша задача ќе биде да го исправиме погрешното ветување дека ќе започнеме преговори со Украина, бидејќи Украина е светлосни години оддалечена од Европската унија“, вели Виктор Орбан.
Виктор Орбан, исто така, нагласи дека спречувањето на Украина да пристапи во ЕУ ќе биде еден од главните приоритети на неговата Влада во наредните месеци.
Премиерот на Унгарија претходно изјави дека Украина „во секој поглед“ не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ. Тој додаде дека е невозможно да се започне дијалог за ова прашање.