ВИКТОР ОРБАН СЕ РАДУВА, ЕВРОПА СЕ “ПЛАШИ“ – Победата на Герт Вилдерс предизвика земјотрес во ЕУ: “Сакаме да владееме и ќе владееме!“

Холандскиот антиевропски екстремно десничарски популист Герт Вилдерс во четврток ќе започне да бара коалициски партнери, по убедливата изборна победа што ќе има далекусежни последици во Холандија и Европа.

Обожавателот на унгарскиот евроскептичен премиер Виктор Орбан, гласно анти-исламскиот Герт Вилдерс вети дека ќе ја запре сета имиграција, ќе ги намали плаќањата на Холандија кон Европската унија и ќе го блокира влезот на сите нови членки, вклучително и земјите од Западен Балкан меѓу кои е и Македонија.

Надминувајќи ги сите очекувања, неговата Партија на слободата (ПВВ) освои 37 места од 150, многу пред 25-те места на заедничката листа Лабуристи/Зелени и 24-те места за конзервативната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на премиерот во заминување Марк Руте.

Ерата на Марк Руте завршува со десничарски популистички бунт што го тресе Хаг до нејзините темели“, објави холандскиот централно-десничарски дневен весник NRC.

Коалицијата на Партијата на слободата, ВВД и партијата НСЦ на центристичкиот пратеник Питер Омцигт би имала комбинирано 81 место, што би била најочигледната коалиција, но за истата сè уште ќе бидат потребни месеци тешки преговори.

Ниту една од партиите со кои Герт Вилдерс можеше да формира Влада не ги споделува неговите анти-ЕУ идеи. 

Уверен сум дека можеме да постигнеме договор“, порача тој во својот победнички говор во средата навечер и нагласи: „Сакаме да владееме и ќе владееме!“.

Победата на Герт Вилдерс испраќа остро предупредување до големите партии ширум Европа пред изборите за Европскиот парламент во јуни следната година, на кои ќе се води борба за истите прашања како и изборите во Холандија: имиграцијата, трошоците за живот и климатските промени.

Герт Вилдерс

Портпаролот на ЕУ во четвртокот изјави дека резултатот од холандските парламентарни избори не го доведува во прашање членството на Холандија во ЕУ.

Јасно продолжуваме да сметаме на силно учество на Холандија во ЕУ“, им кажа тој на новинарите.

„НОВА“ ЕВРОПА ?

Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер, призна дека изборите во Холандија покажале „стравови кои се појавуваат во Европа“ поради имиграцијата и економијата и потребата владите да им покажат на граѓаните дека нивните политики даваат резултати.

Секако, минатомесечните избори во Полска, на кои победија група проевропски партии против националистичката Право и Правда (ПиС), покажуваат дека не сите земји во ЕУ се свртуваат кон десно.

Но, италијанскиот вицепремиер и лидер на екстремно десничарската ЛигаМатео Салвини, вели дека изборите во Холандија покажале формирање на „нова“ Европа.

Минатата година Италија ја формираше својата најдесничарска Влада од Втората светска војна по изборната победа на Џорџија Мелони.

Победата на Герт Вилдерс доаѓа два месеци по враќањето на власт на исто толку антиевропскиот популист Роберт Фицо во Словачка, кој вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина и ќе ја намали имиграцијата.

Ветровите на промените се тука!“, порача претходната вечер Виктор Орбан.

Герт Вилдерс постојано повторуваше дека Холандија треба да престане да испорачува оружје на Украина, бидејќи на земјата и е потребно оружје за да се одбрани.

Ќе мораме да најдеме начин да ги исполниме надежите на нашите гласачи, да ги вратиме Холанѓаните на прво место“, нагласи Герт Вилдерс.

По победата, тој порача:

Холандија ќе им биде вратена на Холанѓаните, цунамито на барателите на азил и миграцијата ќе биде спречено!“.

Исламските и мароканските организации во Холандија изразија загриженост поради победата на Герт Вилдерс. Муслиманите сочинуваат околу пет отсто од населението во оваа земја.

Загриженоста и стравот се огромни“, изјави Хабиб ел Кадури, кој ја предводи организацијата што ги претставува холандските Мароканци, за холандската медиумска агенција ANP и додаде: „Се плашиме дека ќе не прикажат како граѓани од втор ред“.

Сите очи сега ќе бидат насочени кон потенцијалните владини партнери на Герт Вилдерс кои изразија сериозни сомневања за соработката со него за време на кампањата, а сега се помалку отворени по неговата победа.

Герт Вилдерс и неговата партија никогаш не биле во Влада.

Ние сме достапни да владееме“, истакна претседателот на партијата НСЦ и додаде: „Ова е тежок исход. Во четврток ќе разговараме за тоа како најдобро би можеле да придонесеме“.

Водачот на ВВДДилан Јесилгоз, кој претходно оваа недела кажа дека нејзината партија нема да се приклучи на Владата предводена од Герт Вилдерс, вели дека сега останува на победникот да покаже дека може да освои мнозинство.

Секоја од страните треба да одржи состанок во четврток на кој ќе разговараат што понатаму.