Вирално видео од плажа поради кое луѓето не можат да престанат да се смеат: “Дама не се станува, дама се раѓа”
Летната сезона е во полн ек, а со неа и несекојдневните сцени од плажите. Едно видео што деновиве кружи на социјалните мрежи стана вистински хит и предизвика смеа и восхит кај илјадници корисници.
На снимката, направена на непозната плажа, се гледа жена во костим за капење која – за разлика од вообичаените гумени сандали – одлучила во морето и надвор од него да влезе со високи потпетици. Не само што се движи по песокот без тешкотии, туку тоа го прави со изразен стил и самодоверба.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш ја преплавија со коментари:
„Госпоѓата дефинитивно знае што прави“, „Штикли на песок? Моја почит“, „Било каде – таа е дама“, „Дама не се станува, дама се раѓа“, „Модерна Афродита“.
Како што коментираат многумина, оваа сцена е доказ дека за некои луѓе стилот не е избор – туку начин на живот. Очигледно, ниту морето, ниту песокот не се пречка кога се сака да се остави впечаток.