“ВИРУСОТ НА КРВАВИ ОЧИ“ ЕВИДЕНТИРАН ВО ЕВРОПА – Стравот од ширење е огромен, а Македонија веќе ја регистрираше првата жртва: Нема вакцина, а 4 од 10 заразени умираат
Вирусот, кој убива до четири од десет заразени лица, е регистриран за првпат во Франција по извршените тестови на границата со Шпанија, пишува Daily Mail.
Кримско-конгонска хеморагична треска (CCHF), која се пренесува преку крлежи, позната како „сродник на еболата“, инаку е ендемична во областите на Африка, Блискиот Исток, Азија и на Балканот. Во неколку наврати е откриена и во јужните делови на Западна Европа, како што е Шпанија, но треба да се напомене дека во изминатите месеци оваа болест беше регистрирана токму во Македонија.
По тестовите на живи крлежи собрани од говеда во регионот Пиринејски Ориентал, потврдено е дека тие ја пренесуваат болеста. Крлежите што ја пренесуваат, Hyalomma marginatum, се долги приближно 5 милиметри и имаат две обоени нозе со белузлави зглобни прстени.
Претставниците на Светската здравствена организација го прогласија CCHF за една од нивните девет приоритетни болести оваа година поради потенцијалната закана, додека експертите долго време предупредуваат дека климатските промени ќе ја рашират болеста во северна Европа.
CCHF главно се пренесува на луѓето со каснување од крлеж, но инфекцијата може да се појави и по контакт со телесни течности на заразени пациенти.
Болеста првично има слични симптоми како еболата, вклучувајќи болки во мускулите, абдоминална болка, болки во грлото и повраќање. Може да предизвика крварење – најчесто од носот или скршени капилари на очите и кожата.
Други симптоми на вирусот односно болеста, кои се појавуваат ненадејно, вклучуваат треска, вртоглавица, болки во вратот и вкочанетост, болки во грбот, главоболка, болка во очите и чувствителност на светлина.
Во моментов нема достапна вакцина, така што третманот е насочен кон одржување на личноста доволно долго во живот за неговото тело да се бори против инфекцијата.
Според статистичките податоци на Светската здравствена организација, претходните епидемии на CCHF убиле помеѓу 10 до 40 проценти од заразените.
Здравствените власти во Велика Британија ги советуваа луѓето кои патуваат во регионот во Франција каде што е откриена CCHF да бидат внимателни и да избегнуваат каснувања од крлежи. Оние кои одат на кампување, планинарење или комуницираат со животни се особено изложени на ризик.
Случаи на зарази веќе се откриени и претходно во Франција, но досега се работи за лица кои се заразиле во странство.
„Досега не е откриен случај на инфекција добиена на француска територија кај луѓе во Франција“, објави француската владина агенција Santé Publique France.
Здравствените власти долго време се сомневаат дека крлежите со CCHF се наоѓаат кај диви и домашни животни во Франција, врз основа на тестови кои покажаа дека добитокот развил антитела против вирусот.
Откривањето на вирусот пронајден директно од крлежи собрани од француски добиток ги потврдува нивните стравови.
Човечки инфекции веќе се пријавени неколку пати во Шпанија, каде што се регистрирани 12 случаи меѓу 2013 и 2022 година, од кои четири биле фатални. Крлежите со вирусот првпат беа откриени во Шпанија во 2010 година.
Во август годинава, Европскиот центар за превенција и контрола на болести пријави два случаи на инфекција токму кај нас, Македонија, од кои еден фатален односно заврши со смрт.
Првиот и воедно фатален случај се случи на крајот на јули кај земјоделски работник кој пријавил дека бил каснат од крлеж. Вториот случај се разви кај медицински работник во здравствена установа каде се лекуваше земјоделецот.
Професорот и прв човек на ветеринарна медицина на Универзитетот во Кембриџ, Џејмс Вуд, им порача на пратениците на Комитетот за наука, иновации и технологија во јули дека некои инфекции кои се пренесуваат преку крлежи, како што е CCHF, е многу веројатно да се шират во Велика Британија во одреден момент.
Тој предупреди дека потенцијалните епидемии може првично да поминат под радарот, бидејќи многу малку доктори во земјата имаат искуство со болеста.
„Предизвикот ќе биде рано откривање бидејќи нашите доктори не знаат како изгледа болеста“, заклучува тој.