Високите цени го загорчија вкусот на кафето

„Цената на кафето во Скопје може да се спореди со цените вонајразвиените главни градови во Европа. Ако во центарот на Рим едно кафе чини од 1 евро и 20 центи до 1 и пол евра, во главниот град на Македонија, кафето се движи од 120 до 150 денари, во чаршија кафето е поевтино,но повторно цената се движи од 50 до 80 денари.“ – Авни Тахири – Новинар.

Скопското кафе стана горко поради високите цени, велат граѓаните додавајќи дека квалитетот на кафето кај нас е многу послаб од кафето во центрите на европските држави.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на претходниот месец е зголемен за 0.6%. Додека, индексот на цени на угостителските услуги од декември 2024 година, во споредба со истиот месец од 2023 година, е зголемен за 6,1%. Трендот на зголемување на цените се очекува да продолжи особено со затоплувањето на температурите и отворањето на туристичката сезона.