ВИСОКИ ДИПЛОМАТИ НА САД ОСОМНИЧЕНИ ЗА ШПИОНИРАЊЕ !? Русија бара двајца секретари на Амбасадата на САД да ја напуштат земјата веднаш

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Москва денес бил поканет на состанок во Министерството за надворешни работи на Русија поради активностите на двајца американски дипломати, кои според официјалните податоци на ФСБ учествувале во собирање податоци за инвазијата на Украина и мобилизација на територијата на Руската Федерација од август оваа година.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека првиот и вториот секретар на американската амбасада, Џефри Силин и Дејвид Бернштајн, се прогласени за персона нон грата и мора да ја напуштат Русија во рок од седум дена. Поради ова, на американската амбасадорка Лин Трејси и била врачена дипломатска нота позната како демарш.

Според претходниот извештај на Федералната служба за безбедност на Русија, поранешниот соработник на Генералниот конзулат на САД во Владивосток, Роберт Шонов, ги собирал споменатите податоци, по наредба на Џефри Силин и Дејвид Бернштајн.

За возврат, Роберт Шонов добил пари, а целта на неговите постапки била „оштетување“ на националната безбедност на Руската Федерација.

Русија се надева дека американските претставници во иднина ќе се воздржат од слични дејствија кои водат кон постојано растечка конфронтација. Незаконски дејствија на американската амбасада во Русија не се дозволени и тие ќе бидат спречени секој пат“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија.