Вистината за „црниот“ леб: Ставете го во вода и ќе дознаете дали сте ИЗМАМЕНИ

Црниот или ржаниот леб е исклучително популарен меѓу популацијата која се грижи за своето здравје и следи правилна исхрана.

Таквиот леб треба да се прави од голем дел од целото жито или ‘рж, за да ги задржи сите важни хранливи состојки.

Тајната на црниот леб е неговото богатство со влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други хемиски соединенија со висока вредност. Дури и во мали количини дава изразено чувство на ситост, поради што експертите го препорачуваат како мезе за ослободување од нервозата поради глад.

Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот и мирисот и може подолго да стои без да се „стврдне“. Корисно е да се знае дека црниот леб има многу помалку „лош“ холестерол од белиот леб, па затоа многу се препорачува за срцеви болни, а влакната придонесуваат за ниско ниво на шеќер во крвта, па и дијабетичарите го ценат овој производ.

При купувањето важно е да се провери дали црниот или интегралниот леб е навистина „црн“, односно дали е направен од цели зрна или се става карамела за боја или нешто поподмолно, што воопшто не треба да го има во лебот.

Анонимен пекар кој добро ги познава методите на боење леб, за весникот Курир опишал дека во таканаречениот црн леб за боја се додаваат секакви работи. Од кафе, какао, вештачки бои, до црвено вино… Методите што ги користат производителите се различни, се само за да заштедат пари и да заработат од вас.

Не секој ржан леб е навистина таков. Ржан леб може да се нарече само леб кој содржи најмалку 30 проценти ржано брашно.

Кај ржаното тесто, квалитетот на глутенот е лош (што е здрав), а глутенската „решетка“ се кине, што го спречува испарувањето на водата од тестото при печењето.

Резултатот е густата структура на вистинскиот ‘ржан леб.

Кај пченичното тесто, квалитетот на глутенот е значително подобар. Резултатот е лабава и воздушна структура на леб, која треба да ја избегнуваат оние кои се болни или чувствителни на глутен.

Како заклучок од горенаведеното – не е можно лебот со мнозински процент на ‘ржано брашно да биде мек со лабава текстура како пченичен леб!

Како да препознаете вистински црн леб?

– Парче од средината на црниот леб ставете во водата. Ако лебот побели, а водата потемни, тоа значи дека е обоен.

– Црниот леб е тврд, компактен и има повеќе влага од белиот леб

– Црниот леб не може да биде воздушен и еластичен

– Средината на црниот леб има подлабоки пори и неговиот волумен е помал

– Црниот леб мириса поинаку од белиот леб