ВИСТИНСКИ ЏЕНТАЛМЕН – Глутница мажи се нафрлиле на една од најубавите фудбалерки во ноќен клуб, а потоа ѕвездата на Манчестер Јунајтед ја расчистил целата ситуација
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, покрај тоа што се истакнува на фудбалскиот терен, се покажал и како вистински џентлмен надвор од него.
Имено, странските медиуми откриваат дека фудбалерката на Астон Вила, Алиша Леман се обидела да влезе во ноќен клуб во Манчестер, каде бил и Маркус Рашфорд, но група мажи ја нападнале на влезот и почнале да ја малтретираат неа и нејзините пријателки, а токму тогаш ѕвездата на „Црвените ѓаволи“ влегол во целата приказна и ја спасил девојката во неволја.
„Маркус Рашфорд ја расчисти толпата и ги покани Алиша Леман и нејзините пријателки во ВИП делот на клубот“, пишува магазинот The Sun. Фудбалерот потоа се вратил кај пријателите, а девојките без никакво мешање ги оставил да уживаат во нивното излегување.
„Тоа беше нивниот прв пат да се видат, но фудбалерот знаеше која е Алиша. Размениле неколку зборови и таа му се заблагодарила, а потоа продолжиле да се забавуваат со своите пријатели. Таа го смета за вистински џентлмен“, открил извор за магазинот.
Алиша Леман важи за една од најубавите фудбалерки во светот и ја нарекуваат „женската верзија на Кристијано Роналдо“, а во 2021 година објави дека е во врска со ѕвездата на Астон Вила и Бразил, Даглас Луиз. Меѓутоа, во меѓувреме се разделија.