ВИСТИНСКО ЛУДИЛО – Погледнете колку чинат билетите за дебито на Лионел Меси во дресот на Интер Мајами: “Ова е неверојатно!“

Од скапи до поскапи, билетите за дебито на Лионел Меси

Ова е, отприлика, градацијата на навивачкото лудило кое деновиве ги зафати навивачите на фудбалскиот клуб Интер Мајами. Вчера, на локалниот стадион во Мајами, пред полни трибини, но и бина натопена од дожд, беше презентиран најпознатиот играч во МЛС лигата, уште од времето кога славниот Пеле се пресели од својот Сантос во Њујорк Космос во 1975 година.

Лионел Меси ја превзеде својата десетка во Мајами, а за новиот клуб ќе дебитира веќе во петок на натпреварот против мексиканскиот Круз Азул, во првиот дуел од натпреварувањето наречено Лига Куп на Северна и Централна Америка. Четири дена подоцна, Интер Мајами ја пречекува Атланта Јунајтед, исто така на својот стадион. Сепак, лудилото за билети за дебито на Лионел Меси во Флорида се граничи со лудило. Затоа што просечната цена на билетот е 450 долари, а најскапата на он-лајн продажба е дури 100.000 долари.