ВИСТИНСКО ЧУДО! Тинејџер ‘починал’ додека се качувал по вештачки карпи, а по два часа оживеал: “Ова е буквално неверојатно!“
Семи Берко, тинејџер од Мисури Сити во Тексас, САД, доживеал срцев удар додека се качувал на вештачка карпа. Го достигнал врвот на карпата и наеднаш телото му се опуштило. Присутните луѓе на местото на настанот на почетокот не биле сигурни дали момчето се шегува или навистина се онесвестил.
Кога луѓето сфатиле дека тој е во несвест, полека го спуштиле од карпата. Докторите од итната помош веднаш излегле на местото на настанот и почнале да го оживуваат младиот човек. По два часа реанимација тие само кажале – „Готово е“.
Мајката на Семи, Џенифер, и нејзиниот сопруг, Крег, се скршиле целосно и седнале до „мртвото“ тело на нивниот син со цел да се простат од него.
„Му кажав колку го сакам и колку ми е жал што не можевме да му помогнеме. Почнав да се молам. Мојот сопруг наеднаш ме допре и ми кажа: Боже, се движи!“, изјавила мајката на оживеаното момче за Fox News.
Докторите повторно се втурнале околу момчето и веднаш го известиле семејството дека иако е жив најверојатно ќе има последици поради недостиг на кислород во мозокот толку долг период. Но, дури и тоа се покажало како неточно бидејќи, како што се испоставило подоцна, младиот човек имал само краткотрајна амнезија како резултат на ударот.
„Не се сеќавам на ништо тој ден. Последно на што се сеќавам е ноќта кога заспав пред да одам на тренинг, а потоа се разбудив во шок соба и татко ми постојано ми кажуваше што се случило и дека морам да се сеќавам на тоа“, изјавило младото момче кое луѓето го нарекле како „момче зомби“.
Сепак, патот до закрепнувањето не е лесен. Семи сега мора да оди на физикална терапија за да ги залечи повредите на ногата и кичмата, а докторите конечно откриле како се случило ова чудо.
„Младиот човек, всушност, боледувал од CPVT, многу ретко генетско нарушување на срцето“, објаснил д-р. Стејси Хил за Fox News.
„Често гледаме деца со овие нарушувања кои се враќаат во живот по неуспешна реанимација, но најчесто завршуваат со оштетување на мозокот. Случајот на Семи за мене е вистинско чудо“, изјавил докторот.
Семи наскоро ќе се врати дома со неговото семејство, но иако тој е во инвалидска количка, се верува дека наскоро би можел повторно ќе оди.
„Знам дека ќе биде чудно повторно да научам да одам, но всушност е неверојатно што воопшто сум жив и забележав дека искуството ме промени. Сакам да правам нешто ново секој ден, да живеам максимално“, изјавило младото момче за споменатиот медиум.
Fox News заклучува дека оваа приказна за семејството е особено незаборавна бидејќи само три години претходно, нивниот прв син Френки починал поради истата генетска мутација.