Вијаграта ја менува бојата и формата: Познатата пилула повеќе нема да биде сина, а еве како ќе ја препознаете
Производителите на Виагра се подготвуваат да лансираат нова „дискретна“ форма на лекот што ќе ја замени иконската – и веднаш препознатливата – мала сина пилула.
Таблетите во облик на дијамант наскоро би можеле да бидат заменети со розова, правоаголна верзија која се раствора на јазикот, што значи дека не треба да се земаат со вода, пишува Дејли мејл.
„Мала и дискретна“
Потсетуваме дека Виагра првпат се појави на пазарот во 1990-тите, откако беше пласирана од американската фармацевтска компанија Pfizer. Првпат бил развиен десет години порано како лек за срцеви заболувања, но учесниците на тестот забележале дека има и необично дејство – чести ерекции.
Сега компанијата Виатрис од САД подготвува нова верзија, под истиот бренд на вијагра, а правоаголната форма е регистрирана за заштита кај надлежните.
Јанрекламираат како „мала, тенка и дискретна”, што треба да биде подискретно за потенцијалните клиенти.
„Позитивен чекор напред“
„Некои мажи сè уште сметаат дека вијаграта е срамна, но се надеваме дека машкото здравје и разговорите за сексуалното здравје напредуваа откако за првпат беше формулирана вијаграта“, се вели во извештајот.
Од „Виатрис“ велат дека новиот дизајн е „позитивен чекор напред“ и наскоро треба да се појави во Велика Британија.