Вијагра ја менува бојата и формата: Познатата пилула повеќе нема да биде сина, а еве како ќе ја препознаете
Производителите на Виагра се подготвуваат да лансираат нова „дискретна“ форма на лекот што ќе ја замени исконската – и веднаш препознатлива – мала сина пилула.
Таблетите во облик на дијамант наскоро би можеле да бидат заменети со розова, правоаголна верзија која се раствора на јазикот, што значи дека не треба да се земаат со вода, пишува Дејли мејл.
„Тенко и дискретно“
Потсетуваме дека Виагра првпат се појави на пазарот во 1990-тите, откако беше пласирана од американската фармацевтска компанија Pfizer. Првпат бил развиен десет години порано како лек за срцеви заболувања, но учесниците на тестот забележале дека има и необично дејство – чести ерекции .
Сега компанијата Виатрис од САД подготвува нова верзија, под истиот бренд на вијагра, а правоаголната форма е регистрирана за заштита кај надлежните.
Го рекламираат како „тенко и дискретно“, што треба да биде подискретно за потенцијалните клиенти.
„Позитивен чекор напред“
„Некои мажи сè уште сметаат дека вијаграта е срамна, но се надеваме дека машкото здравје и разговорите за сексуалното здравје напредуваа откако за прв пат беше формулирана вијаграта“, се вели во извештајот.
Од „Виатрис“ велат дека новиот дизајн е „позитивен чекор напред“ и наскоро треба да се појави во Велика Британија.