ВКЛУЧЕНИ АЛАРМИ, ЕВЕ КАКВО СТРАШНО НЕВРЕМЕ СЕ ПОДГОТВУВА! Повеќе од 25.000.000 луѓе во состојба на готовност, американските власти издадоа предупредување
Властите во североисточниот дел на САД издадоа предупредување за силна бура и ненадејни поплави, а повеќе од 25 милиони луѓе се во состојба на готовност од источна Пенсилванија до јужен Мејн.
Тука спаѓаат Филаделфија, Њујорк, Алентаун, Пенсилванија, Покипси, Њујорк, Хартфорд, Конектикат, Манчестер, Њу Хемпшир и Портланд, Мејн.
Во наредните часови се очекуваат силни грмотевици и силни ветрови, а метеоролошките агенции не можат да ја исклучат можноста за град или формирање на торнада, објавува ABC News.
Дождовите може да предизвикаат и локализирани ненадејни поплави, особено во урбаните средини со лоша дренажа, а ризикот од поплави од Филаделфија до Бриџпорт, Конектикат е зголемен на ниво 2.
Бостон не се соочува со закана од ненадејни поплави или лоши временски услови, но се очекува силни бури да го погодат подрачјето.
Врнежите ќе продолжат и во првиот дел од денот утре, бидејќи овој студен фронт продолжува да се движи низ регионот, а се очекува дождот да престане попладне, јавува Танјуг.