По денешното повторно затворање на израелскиот воздушен простор и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови до и од Израел беа откажани. Се очекува летовите да продолжат во текот на денот, во зависност од безбедносната ситуација, објави Министерството за надворешни работи.
„Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, вкупно 11 граѓани на земјата во моментов чекаат евакуација со лет од Тел Авив. Ова може да се реализира во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната состојба. Како алтернатива, постои можност за евакуација по море, со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со нашите граѓани и надлежните израелски власти. Ве потсетуваме дека, покрај евакуацијата на првата група граѓани извршена со владин авион на 17 јуни, заклучно со 22 јуни, вкупниот број на граѓани на нашата земја заинтересирани за евакуација од Израел е 27. Сепак, не сите се подготвени да го сторат тоа веднаш“, велат од МНР на РCM.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и е целосно достапно за граѓаните на земјата, сè до нивна безбедна евакуација.
Граѓаните можат да се јават на следниве СОС броеви:
+389 75 273 732 / +389 75 268 736
или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
+972 54 500 8566 / +972 54 967 054
„Во исто време, ги повикуваме сите граѓани да се воздржат од патување во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозна“, велат од МНР.