ВКУСЕН ЕСЕНСКИ НАПИTOK ЌЕ ВЕ ЗАТОПЛИ ВО ЛАДНИТЕ ДЕНОВИ: Совршено кремаст и топол – штити од настинки и вируси
Доколку се соочувате со есенски замор и чувствувате недостаток на концентрација, какаото може да биде корисно.
Нутриционистката Сара Сушец истакнува неколку клучни придобивки од какаото кои го поддржуваат вашето здравје и благосостојба.
За почеток, какаото може да го подобри вашето расположение, да го намали стресот. Покрај тоа, тој е богат со магнезиум, железо и растителни влакна. Исто така, содржи значителен број на антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали и го зајакнуваат имунолошкиот систем .
Рецепт за подготовка на пијалок:
Состојки:
1 лажичка какао 250 мл растително млеко или вода прстофат цимет 1/2 лажичка агава или мед по желба.
Подготовка: Измешајте ги сите состојки и варете. Почекајте малку да се излади и потоа испијте го. Ако го засладите со мед, додајте го дури откако ќе се свари, кога малку ќе се олади.
Овој пијалок може да се користи и за време на бременоста. Со оглед на богатата содржина на витамини и минерали, може да биде дел од различни планови за исхрана и да помогне во слабеењето, пишува 24седам.