Вкусна пита со јаболка и ореви: Десерт кој се јаде со голема сласт и се прави за 15 минути (фото/видео)

Состојки:

– Кори за пита 500 гр;

-3 кг јаболка;

-200 грама ореви;

-2 јајца;

-1 шолја масло;

-1 чаша јогурт;

-1 шолја шеќер во прав;

-1 чаша гранулиран шеќер.

Подготовка: Оревите исецкајте ги, а јаболката изрендајте ги и попржете ги со шеќер и цимет.

Изматете ги јајцата, павлаката и шеќерот. Потоа наредете ја питата така што ќе ја ставите првата кора, па врз неа филот со јајца и крем, па втората, третата, четвртата, петтата, шестата и седмата кора. На седмата кора ставете го целиот фил од јаболка и цимет, а потоа повторно наредете ги седумте кори кои ги прекривате со филот со јајцата и кремот.

Печете ја питата околу 45 минути на 200 Целзиусови степени.