Крушите се одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Секоја круша со средна големина содржи околу 20% дневна вредност (DV) влакна, а двата вида влакна се важни за здраво варење на храната.
Ѓумбирот позитивно влијае на мачнините, помага во намалување на шеќерот во крвта и го намалува ризикот од срцеви заболувања и може да помогне при остеоартритис, пишува списанието Health Line. Цвеклото е исто така добар извор на растителни влакна, како и целерот, кој е одлична храна за диети за намалување (губење тежина) и воопшто за оние кои сакаат да одржат посакувана телесна тежина.
За смути за детоксикација, додадете:
- 1 круша
- парче ѓумбир
- 1 морков
- 1 стебленце целер
- 1 цвекло
- малку магдонос
- неколку капки лимон
Крушите се добар извор на јаглехидрати, влакна и одредени витамини и минерали. Хранливи материи во една средна круша (тежи околу 178 грама):
- Калории: 101
- Масти: 0,25 g
- Натриум: 1,78 mg
- Јаглехидрати: 27,1 g
- Влакна: 5,52 g (20% од дневната вредност)
- Протеини: 0,64 гр
- Бакар: 0,15 mg (16% од дневните вредности)