Со цел да се заштити животниот стандард на населението, поточно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и средства за лична хигиена, Владата донесе одлука со која маржата во трговијата на големо и мало се ограничува на 10 групи производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, соопшти денеска на прес-конференција заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
„Пет проценти бруто профитна маржа за основни производи: млеко, леб, брашно, јајца, масло за јадење, јогурт, ограничување од 10 проценти за 55 преработени јадења, месо, шеќер, путер, грав, ориз и тестенини и 15 проценти граница на бруто профитна маржа за зеленчук, детски производи, пелени, сапун. Анализата покажа дека трговците на мало и на големо пресметуваат бруто профитна маржа за основните производи од 20-25 проценти и 20-50 проценти во трговијата на големо. „Задолжително овие производи да бидат 70 проценти присутни на полицата“, рече Ристески.
Втората одлука на Владата е утврдување на највисоките цени, односно оние цени кои важеа од 1 февруари 2025 година.
Двете одлуки влегуваат во сила со објавувањето во Службен весник. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек за 10 проценти, додека основните производи ќе останат на исто ниво, што значи дека ќе имаат минимални намалувања