Владата ги објавува платите на функционерите – Мицкоски добива над две илјади евра, министрите над 1.800

Владата на Македонија ги објави платите што ги добиваат премиерот и министрите од владиниот кабинет.

Во рубриката „ отчетност “ на официјалната веб-страница објавени се нето платите на сите владини функционери, а се гледа дека премиерот Христијан Мицкоски зема плата од 140.450 денари (2.282 евра), пишува Телеграф Македонија.

Само министерот за внатрешни работи Панче Тошковски има иста плата како премиерот.

Додека кај другите министри платата е 115.540 денари (1.877 евра).

На страницата до неодамна се наоѓаа платите на членовите на Владата на Зоран Заев, пред фамозното покачување од 78 отсто лани во март, додека Владата на Димитар Ковачевски, во чиј мандат се случи зголемувањето на платите на функционерите, никогаш не објави колку месечните примања им биле.