Претставници на Сојузот на синдикати (ССМ) попладнево се на средба во Владата. Лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, најавува дека денеска добиле повик од Владата да одржат состанок во 12 часот и, како што рече, ќе ја прашаат Владата колку ќе чекаат работниците за зголемување на платите.
Тој најавува дека нема информации за што точно ќе разговараат на средбата.
„Владата не повика на состанок во 12:00 часот. ССМ денеска дојде да ја праша Владата колку работниците ќе чекаат покачување на платите. Гледам дека во Владата ќе има и колеги од другите синдикати, кои бегаа од камерите. Да и нагласиме на Владата дека ако не се зголемат платите, голем број работници ќе треба да преживеат на минималната плата.