Побрзо од најавеното Владата на затворена седница го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напуштио во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење.
Во новата комисија нема место за досегашниот претседател Драги Ѓорѓиев, кого премиерот Христијан Мицкоски го обвини дека не ги штител доволно националните интереси. Во комисијата не е ни формално нејзиниот втор човек, историчарот Петар Тодоров.
Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски, историчар. И тој беше член на историската комисија во периодот 2018 до 2020. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.
Други членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.