Владата го одобри предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на РСМ на денешната седница го одобри предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

По завршувањето на владините процедури ќе биде испратен до Советот на јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.

Владата на 11 февруари 2025 година одлучи да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски, кој на оваа функција беше избран пред една година и неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по завршувањето на 50-тата седница на Владата, го подготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.