Владата додели 30 милиони денари за сместување во странство за семејствата на повредените во пожарот
Владата на денешната седница донесе одлука да го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги префрли на Службата за општи и заеднички работи за помош во транспортот и сместувањето на семејствата на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.
Ова го соопшти владиниот портпарол Марија Митева.
„Во овој момент можам да ја информирам јавноста дека е обезбеден превоз и сместување за 58 лица. Оваа одлука ќе важи и за оние лица кои заминале пред да биде донесена оваа одлука и може да се изврши доплата на дополнителен начин“, рече Митева.
Покрај ова решение таа ги објави и проверките што Државниот пазарен инспекторат ги извршил на лиценците на угостителските објекти регистрирани како кабаре, ноќни клубови и диско клубови.