Владата на Косово ја одобри првата одлука за експропријација на земјиште за изградба на патот Призрен-Тетово
Владата на Косово ја одобри првата одлука за експропријација на парцели за реализација на проектот за патот Призрен-Тетово.
Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, по оваа одлука преку социјалните мрежи изјави дека се движат „со брзи чекори кон почетокот на изградбата на патот Призрен-Тетово“.
„Овој пат поврзува два меѓународни автопата што минуваат од двете страни на Шар Планина, односно го поврзува европскиот автопат Е65 во Северна Македонија со автопатот Е80 во Косово. Поврзувањето на овие два патни правца на најблиската точка меѓу нив, освен што ги обезбедува двата града и нашите две земји, овозможува отворање на нов патен коридор што има влијание во поширокиот Балкански Регион“, напиша Алиу.
Тој рече дека оваа одлука го отвора патот за „иницирање постапки за објавување на огласот за овој пат, што ќе биде многу брзо“.
Премиерот на Косово, Албин Курти, во август изјави дека врз основа на претходните пресметки, цената на овој инфраструктурен проект ќе биде околу 200 милиони евра.
Според него, од 200 милиони евра, близу 150 милиони евра се за 6,4-километарскиот тунел низ планината/врвот Вртоп, додека околу 50 милиони евра ќе чини патот од двете страни на тунелот што ќе ги поврзе овие два многу важни града.