Владата на Република Македонија не го прифаќа предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање

Предлогот на фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање предизвика големи реакции во јавноста.

Владата соопшти дека нема да го прифати предлогот за зголемување на старосната граница и ќе бара друг начин за пополнување на дупката во фондот за пензиско осигурување.

„Во овој момент она што го направивме е усогласување на пензиите од 5.000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој работиме. Остануваме посветени на состојбите во пензискиот фонд и сите ситуации ќе ги разгледуваме како да имаме одржлив систем. Во овој момент не размислуваме што е предложено од Фискалниот совет“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

На предлогот за пензионирање на 67 години, претходно реагираше и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од таму порачаа дека треба да се направи стратегија младите да се задржат во државата и да им се понуди квалитетна работа како единствен начин да се наполни касата на пензискиот и инвалиден фонд.