– Владата на Украина денес разреши шест заменици-министри за одбрана, изјави владин претставник во Парламентот.
Тарас Мелничук, претставник на Владата на Украина во Парламентот, на Телеграм објави дека се разрешени замениците-министри Володимир Гаврилов, Виталиј Дејнега, Хана Малиар, Ростислав Замлински, Денис Шарапов и Андриј Шевченко.
Разрешен е и Константин Вашченко, државен секретар на Министерството за одбрана, додека првиот заменик-министер за одбрана Олександр Пављук е задржан на својата функција.
Мелничук не ги наведе причините за отпуштањето на функционерите.
Претходно овој месец, украинскиот претседател Владимир Зеленски го разреши поранешниот министер за одбрана Олексеј Резников поради корупциски скандали и на негово место го назначи Рустем Умеров.