ВЛАДАТА НА ФРАНЦИЈА ИЗДАДЕ НАРЕДБА – МОБИЛИЗИРАНИ 15.000 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ХАОС: Земјоделците за денеска најавија ТОТАЛНА БЛОКАДА на државата

Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.

Владата најави дека 15.000 припадници на полицијата ќе бидат мобилизирани за да ги спречат тракторите да влезат во „Париз и поголемите градови“ , јавува БФМ ТВ.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на незадоволните земјоделци.

Дарманен им наложи на поединечните служби да распоредат значителен одбранбен систем за да спречат каква било блокада на аеродромот и каков било влез на земјоделците во главниот град.

Од полицијата велат дека ќе се однесуваат умерено и дека ќе интервенираат само во случај на екстремна вонредна состојба, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или се изложени на сериозни оштетувања јавни или приватни објекти.

Земјоделците во Франција протестираат против ниските откупни цени на земјоделските производи и бараат намалување на даноците, како и земјоделците ширум Европа.

Земјоделците ги блокираа патиштата во делови од Франција минатата недела поради владиниот данок на горивото за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и ниските откупни цени.

Земјоделците протестираат и за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, особено за договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на подготовка, а за кој тврдат дека ќе придонесе и за нелојална конкуренција на пазарот.

Владата во петокот ги укина плановите за постепено укинување на владините субвенции за дизелот за земјоделците и најави мерки за намалување на финансиските и административните такси со кои се соочуваат земјоделците.