Владата на Црна Гора и Синдикатот за образование договорија зголемување на платите

– Владата на Црна Гора и Синдикатот за образование вечерва договорија зголемување на платите на просветните работници, соопшти црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

– Мислам дека постигнавме решение кое е одржливо и добро за сите. Тоа подразбира правно, системско решение, изјави Спајиќ по средбата во Синдикатот за образование, пренесува Вијести. Тој рече дека просветарите ја прифатиле одлуката според која до 1 јули покачувањето ќе биде 10 проценти.

– Од почетокот на учебната година зголемувањето кумулативно ќе биде 17 проценти, рече Спајиќ.

На средбата присуствуваа министерката за образование, наука и иновации Анѓела Јакшиќ Стојановиќ, државниот секретар во тој ресор Драган Бојовиќ и министерот за финансии Новица Вуковиќ.