Владимир Путин го одликуваше Милорад Додик со истиот орден што му го даде и на Александар Вучиќ: “Реално, немаат многу да дадат…“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го одликуваше лидерот на босанските Срби Милорад Додик со медал, објавија руските медиуми во вторникот, повикувајќи се на соопштение од Кремљ.

Балканската телевизиска мрежа Russia Today (RT), чие емитување е забрането во земјите на Европската унија, објави дека Милорад Додик е одликуван со орденот „Александар Невски“ за неговиот – „голем придонес во развојот на соработката меѓу Русија и Босна и Херцеговина и зајакнување на партнерството со Република Српска“.

Претходно, Владимир Путин им додели такви почести на српскиот претседател Александар Вучиќ и на лидерите на соседните сателитски држави кои имаат силни врски со Москва.

Во мај, Милорад Додик беше во Москва и таму лично се сретна со Владимир Путин во Кремљ, а по тој повод му го врачи орденот на Република Српска, кој му беше доделен на 9. јануари по повод одбележувањето на неуставниот ден на тој босански ентитет.

Од почетокот на војната во Украина, Милорад Додик отворено ја поддржува руската агресија, а за време на неговиот последен престој во Москва ја оправдуваше со тврдењето дека Русија мора да се брани од „украинскиот нацизам“.

Милорад Додик, исто така, го блокира секој обид БиХ формално да се приклучи на западните санкции против Русија.